еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се „препукуваат“ за Денис Тот: Зошто смртта на ракометарот се политизира?

Министерство за внатрешни работи и Јавното обвинителство, денеска попладне се произнесоа во врска со смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој во бессознание беше пронајден пред скопскиот клуб „Привилиџ“.

Првичните информации, според извор на Итната медицинска помош, говореа дека тој, без траги на насилство бил пренесен на клиниките, иако дел од медиумите, без да пристигне и официјална потврда од институциите, пишуваа за тепачка и напад.

Истите овие информации, ги демантираше Борис Тот, братот на Денис, кој на Фејсбук напиша дека Денис починал од срцев удар, и ги обвини новинарите дека шпекулираат за наводна тепачка, сакајќи да постигнат читаност.

Но попладнево, Борис Тот беше демантиран од МВР и Обвинителство, кои потврдија дека Денис сепак бил нападнат од три лица, од кои едниот е во бегство.

Поради отсуство на официјални информации, случајот за Тот, остави простор за појава на сомнеж кај јавноста, зошто институциите си дозволија долго време да молчат и да се создаде впечаток дека навидум нешто се крие.

За иронијата да биде уште поголема, денеска и двете најголеми политички партии, се препукуваат заради смртта на еден млад човек.

„МВР за два дена го промени ставот за убиството на ракометарот Даниел Тот. Од првичното соопштение нема траги на насилство до тоа дека е убиен со нанесување на физички смртоносни удари во пределот на главата.

Различните ставови наметнуваат дилема дали МВР сака да сокрие убиство?

Како МВР во првичниот извештај утврди дека нема трагинна насилство врз младиот ракометар? Зошто дури два дена се даде да избегаат дел од сторителите на грозоморното убиство?

Дали се вистина информациите дека власта на СДСМ и ДУИ кријат лица припадници на еден нарко картел близок до Спасовски,“ се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак возвратија дека „МВР постапува професионално и го расчистува случајот со убиството, за што јавноста е навремено информирана.“

„А ВМРО ДПМНЕ да не си ја ишка мувата од капата.

По одредени информации кои се појавија оваа партија треба да одговори дали човекот по кој трага МВР е активист и поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ?,“ се вели во соопштението на СДСМ.

Целата нејаснотија околу случајот, ја забибери и Министерство за здравство, кое иницира вонреден инспекциски надзор околку приемот и третманот на Тот на Клиника.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство со детали за смртта на ракометарот Тот: Бил нападнат од три лица, изгубил свест и со главата удрил на асфалт

МВР: Хрватскиот ракометар бил претепан, двајца се приведени, еден е во бегство

Вонредна инспекција за постапката за прифаќањето и третманот на починатиот ракометар Денис Тот на клиника, најави Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекорден број на 15 починати пациенти од корона вирусот во едно деноноќие, вкупно до сега 321

Редакција

Ако не се прифати еден од нашите предлози, избори би биле единствено логично решение, вели Мицкоски

Редакција

Пет партии ја одбија поканата: Рокот за номинирање претставници во работната група за уставни измени истекува денеска

Редакција