еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителството денеска изведуваше докази на судењето за „Софтвери”

Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

На денешната расправа беа изведени докази од страна на Обвинителството кои се однесуваат на пораки помеѓу обвинетите во овој случај, кои се товарат за „злоупотреба на службена положба и овластување” при јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки.

Првообвинетиот, се вели во Обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „Злоупотреба на службена положба и овластување” и „Перење пари и други приноси од казниво дело”.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување” од Кривичниот законик.

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а денеска застапник на обвинението беше обвинителката Ивана Трајчева.

Судењето за случајот продолжува на 27 април.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска бара широка јавна расправа за законските измени за Бехтел и Енка и да не се носат по скратена постапка

Редакција

Поранешниот бугарски претседател Плевнелиев: Бугарија не треба да и удира шлаканица на Северна Македонија

Редакција

Советот на ЈО повторно го одложи изборот на шефови на Вишите јавни обвинителства Скопје и Гостивар

Редакција