еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска времето облачно и ветровито, од утре пад на температурите за 10 степени

Умерено до значително облачно време ќе преовладува денеска во земјава, а кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд претежно во посеверните делови. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, а кон крајот на денот од северните делови ќе сува засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната од 18 до 23 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер кој пладне ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во недела и понеделник под влијание на влажна и студена воздушна маса ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во недела, особено во јужните и источните делови. Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени, а од вторник на места ќе има утрински температури под нула.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Слушнете ја возобновената божиќна песна „Христос се роди денес“

Редакција

Претресена канцеларијата на судијата Наке Георгиев во Врховниот суд

Редакција

Дури 65% од македонските граѓани сметаат дека однесувањето на ЕУ е нефер, надмено и уценувачко, покажува „Еврометар 2022“

Редакција