еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Солзавци и шок бомби украдени од магацин на полицијата во Охрид

Солзавци, шок бомби и други предмети биле украдени од магацин на полицијата во Охрид.

Информацијата утрово ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, според кој, се работи за помошен магацин за расходна опрема лоциран во старата Касарна.

– Во СВР Охрид вчера 12 часот и 30 минути е пријавена тешка кражба од помошен магацин за расходувана опрема на СВР Охрид кој се наоѓа во Стара касарна при што се одземени солзавци, шок бомби и други предмети кои биле предвидени за расходување, изјави Димоски.

Известен бил јавен обвинител и Одделот за вантрешна контрола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без разлика на ставот на Германија, во Македонија останува одлуката вакцината „АстраЗенека“ да се дава на лица над 60 години

Редакција

Индустриските производи поскапеле за 18,5% на годишно ниво

Редакција

Државното правобранителство вработува шест лица, плата до 28.068 денари

Редакција