еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Обвинувањата се целосно неосновани“: Реакција на Руската амбасада за протерување на дипломатите од Македонија

Руската Амбасада во Скопје излезе со реакција по повод протерувањето на дополнителни шест руски дипломати од страна на Македонија.

– Без да се најави реакцијата на руската страна на овој непријателски чекор, истакнуваме дека неговите последици ќе имаат сериозно влијание врз односите меѓу Русија и Северна Македонија. Посебно сакаме да нагласиме дека обвинувањата се целосно неосновани, наведува руската Амбасада на својата официјална Фејсбук страница.

Во реакцијата на Амбасадата се наведува дека „руските дипломати никогаш не се мешале во внатрешните работи на Северна Македонија и не извршувале дејствија што ја прекршуваат Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година“.

– Убедени сме дека таквата практика е спротивна на стремеж на народите на нашите земји за конструктивна соработка, нема перспектива и води кон конечно деградирање на билатералните односи.

Се разбира, руската страна ќе преземе мерки, не нужно симетрични, но чувствителни, како одговор на овој чекор, како и на прогласувањето на петмина дипломати на Амбасадата „personae non grataе“ на 28 март годинава, наведува Амбасадата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија прогласи уште шест руски дипломати за персона нон грата

Фото: Фејсбук/Руска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров вели оти Македонија не се однесува како кандидат за членство во ЕУ, Османи му порача да се занимава со историја, а не со политика

Редакција

Убава вест: Оздравени се 587 пациенти заболени од Ковид-19

Редакција

Кавадарчанец ја принудувал малолетната девојка на проституција

Редакција