еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија прогласи уште шест руски дипломати за персона нон грата

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Русија во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена.

Претходно, на 28 март, државава прогласи за персона нон грата пет руски дипломати, кои извршувале активности што се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Минатата година, пак, за персона нон гарта МНР прогласи двајца руски дипломати, едниот во мај, а вториот во август, и ги протера од земјава.

Во овие два лански случаи Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И официјално: Само поради Бугарија нема датум за преговори со ЕУ

Редакција

Во Косово е Ден на жалост, по убиството на полицаец на северот на државата

Редакција

Од Ковид-19 починале 18 лица, дополнително пријавени уште тројца

Редакција