еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Европска Комисија без осуда, вели дека е „свесна“ оти Ванчо Михајлов е контроверзен лик за Македонија

Откако вчера не одговори на прашањето, Европската Комисија денеска испрати кус коментар за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, јави дописничката на МИА од Брисел.

За потсетување, МИА вчера побара реакција од Европската Комисија за посетата на бугарската владина на овој клуб со контроверзно име во Битола и за изјавите за нова блокада на ЕУ процесот поради билатерални спорови, но одговор доби само за вториот дел.

Денеска од Европската Комисија до МИА испратија кус коментар за името на клубот, но без осуда.

-Од блиску ги следиме настаните, како и одговорите на настаните. Свесни сме дека отворањето на бугарскиот културен клуб во Битола именуван по фигура која е перципирана како високо контроверзна во Северна Македонија, предизвика силни реакции кај граѓаните, стои во писмениот одговор на ЕК. 

Понатаму Комисијата додава дека „почитувањето на човечкото достоинство, владеењето на правото и почитувањети на човековите права се темелни вредности врз кои е изградена ЕУ“. 

Веднаш потоа во реакцијата повторно се охрабруваат двете страни да изнајдат заеднички прифатливо решение за билатералните прашања и се потенцира важноста на добрососедските односи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Негаторски цитат за Македонците виси на ѕидот во културниот центар “Ванчо Михајлов“

Ја повикувам ЕУ да стави крај на фашизоидни и хегемониски намери на официјална Софија, повика Мицкоски

Пендаровски: Именувањето установи според докажан соработник на фашистичкиот режим не служи на добрососедството

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Ретка снимка) Како изгледаше земјотресот во Скопје во 1963 година

Редакција

Ѓоргиев оптимист дека побрзо ќе се постигне согласност меѓу бугарските и македонските историчари за периодот на Втората светска војна

Редакција

Нема да има нов договор за жито додека Западот не ги исполни барањата, изјави Путин по средбата со Ердоган

Редакција