еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од 1 мај Грција го укинува сертификатот во внатрешноста, за влез во земјата дополнително ќе се одлучува

Сертификатот за вакцинација или прележан Ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, од 1 мај до 31 август се укинуваат, а за правилата за патување дополнително ќе се донесе одлука, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис, претпладнево ги соопшти одлуките на Владата за олабавување на мерките, меѓу кои се укинува сертификатот од 1 мај, се укинува задолжителната маска од 1 јуни, како и задолжителниот селф тест за учениците.

-Во следниот период ќе се разгледа и укинувањето на европскиот сертификат за влез во земјата, па така ќе постои ново соопштение, рече Плеврис.

Истакна дека сите мерки одново ќе се разгледаат на 1 септември.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието ги констатираше оставките на Ковачевски и Џафери: Јован Митрески е нов спикер

Редакција

Две директорки на клиники, Стефановиќ и Пејкова, избрани во Извршниот одбор на СДСМ

Редакција

Турција го менува името во Туркије

Редакција