еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

На „црната листа“ на САД и фирмата на Груевски која ја отвори во Унгарија

На „црната листа“ на САД е ставена и фирмата која што поранешниот премиер Никола Груевски ја отвори во Унгарија, каде по бегството доби политички азил.

Станува збор за компанијата I.C.I.C. LTD, која што е отворена во 2021 година, а Стејт департментoт ја поврзува со Груевски.

Американската влада во образложението зошто Груевски се најде на „црната листа“ наведува дека се одлучила на ваков чекор како одговор на неговата вмешаност во значителна корупција. Според САД, неговите постапки го поткопале владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси и ја нарушиле довербата на јавноста во Владата.

Забрана за патување во САД има и за неговото семејство.

Груевски е обвинет во повеќе предмети отворени од поранешното Специјално јавно обвинителство, а за некои веќе му е изречена затворска казна.

Груевски побегна во Унгарија во ноември 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Немам имот во САД“: Се огласи Груевски, откако САД го ставија на „црната листа„

Груевски и Мијалков со семејствата ставени на „црната листа“ на САД

Со што се занимава фирмата

Фирмата на Груевски е регистрирана на 14 јули 2021 година, на адреса на куќа во малото гратче Пецел, кое се наоѓа на околу 20 километри од Будимпешта.

Фирмата на Груевски е основна за бизнис активности во неколку различни сектори: трговија на големо со порцелан и стакларија, како и со средства за чистење, трговија на големо со храна, пијалоци и тутун и со други разновидни стоки, за управување со имоти, за бизнис менаџмент, комуникации со јавност, рекламирање, истражување на пазари и испитување на јавно мислење, организација на конференции и трговски изложби.

Регистрацијата на фирмата го чинела Груевски 8.350 евра.

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пендаровска во Кенија за унапредување на репродуктивното здравје и права на жените

Редакција

„Анонимуси“ се заканија со нови напади: Хакираните страници на министерствата за образование и наука се уште не работат

Редакција

Кумановскиот градоначалник Димитриевски во „Топ тема“: Уште двајца починати од корона вирусот

Редакција