еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

„Анонимуси“ се заканија со нови напади: Хакираните страници на министерствата за образование и наука се уште не работат

Сајтовите на министерствата за здравство и за образование се уште не се во функција, откако македонските „Анонимуси“, односно групата која стои зад профилот на Твитер, ANONOPSMKD ги хакираше завчера.

Министерството за здравство вчера информираше дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата, но според твитот на „Анонимуси“, тие не го загрозиле „маил серверот“, тој бил изгасен од страна на како што ги нарекоа „шалабајзерите што се систем админи во тие министерства.“

За разлика од сајтот на Тајм.мк, кој по нападите речиси веднаш профункционира и дополнително му беше поставена заштита, веб-страниците на институциите се уште не функционираат.

Македонските „Анонимуси“ најавија и напад на страниците на извршителите. Во интервју за IT.mk тие најавија повеќе напади, но се оградија од нападот врз страницата на Државната изборна комисија (ДИК), која не функционираше на денот на изборите.

„Многу таргетирани напади, Тајм беше само мал почеток, наредните напади се од огромен калибар, мора некој да изреагира на ваков начин во оваа држава, очигледно со добро ништо не се постигна во последните 20 години.

Секако нема да бидат 2-3 напади, се спремаме за преку 30-40 напади во рок од неколку недели. И да, ниту еден напад нема да биде ДДОС“, велат тие во интервјуто.

Деновиве тие ги хакираа и сајтовите на пејачките со албанско потекло Рита Ора и Дуа Липа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските „Анонимуси“ се „заканија“ на Твитер: Извршители вие сте на ред

Министерство за здравство за еМагазин: Страната ни е хакирана, не ни функционираат ни мејловите

По сајтовите на Дуа Липа и Рита Ора, македонските „Анонимуси“ ги хакнаа и министерствата за здравство и образование

Игор Трајковски за нападот на „Тајм.мк“: Поврзано е со некој од сајтовите кои ги индексираме

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се новите членови на Управен, Надзорен одбор и на Советот на честа на Здружението на новинарите на Македонија

Редакција

(Табела) Колку граѓани во Македонија се вакцинирани со кинеските вакцини „Синофарм“ и „Синовак“

Редакција

Двете новопочинати лица од коронавирусот во Македонија имале претходни заболувања

Редакција