еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Игор Трајковски за нападот на „Тајм.мк“: Поврзано е со некој од сајтовите кои ги индексираме

Основачот на агрегаторот на вести „Тајм.мк“, Игор Трајковски на неговиот Твитер-профил објасни што всушност се случувало при нападот на агрегаторот во средата вечерта за време на пребројувањето на гласовите, кога падна и сајтот на Државната изборна комисија (ДИК).

„Една кратка изјава за што знаеме до сега. Нешто после 22:00h започна DDOS напад на time.mk, во кој постепено беа ангажирани над 35.000.000 ip адреси кои генерираа илјадници „кликови“ во секунда. Имаше кратки прекини на работењето, но претежно сајтот издржа.

Тоа е прв дел кој немам докази дека е поврзан со вториот дел од нападот кој заврши со превземање на нашиот сервер. За жал, немавме најдобра заштита, наша грешка, која ја поправивме да не се повтори.

За вториот дел со сигурност тврдам дека е некој поврзан со некој од сајтовите кои ги индексираме, поради тоа што само така можат да ни ја дознаат ip адресата.

Но, да ни беше се направено според „Security 101“, како што пишал напаѓачот, немаше да биде проблем. Ќе учиме во од,“ напиша Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дерковски: Сајтот на ДИК најверојатно е цел на надворешен напад

„ДУНА“: Апликацијата работеше беспрекорно, но страницата на ДИК беше цел на хакерски напад

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ маршираше во Охрид, Мицкоски порача дека договорот со Грција е “диво месо“

Редакција

На референдумот гласаа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев и пратениците Рангелова и Данев

Редакција

Кој блефира, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ: Избори или уставни измени

Редакција