еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груевски и Мијалков со семејствата ставени на „црната листа“ на САД

Американскиот Стејт департмент ги стави на црната листа за патување поранешниот премиер на Република Северна Македонија, Никола Груевски и екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, како и нивните потесни семејства.

Во соопштението се истакнува дека Стејт департментот ги презел овие активности поради нивна вмешаност во значителна корупција.

„Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во земјата и ја намалија вербата на јавноста во владата“, појаснува Стејт департментот.

Во соопштението се истакнува дека во својство на премиер, Груевски бил вмешан во коруптивни дејствија при што го користел своето политичко влијание и официјалната моќ за лична корист.

„Поточно, постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил својата положба за да бара и прима мито заради владини договори, за незаконски присвоени јавни средства и мешање во изборните процеси за политички полза за себе и за неговата партија“, соопшти Стејт департментот.

Што се однесува на Мијалков, за него се истакнува дека во својство на директор на УБК бил инволвиран во коруптивни дела кои вклучувале користење на неговото политичко влијание и официјална моќ за лична корист.

Според соопштението, постојат веродостојни информации дека Мијалков го злоупотребил овластувањето од функцијата за да бара поткуп за склучени договори. Тој, исто така се мешал во изборните процеси во своја и во корист на политичката партија.

Забраната за влез во САД се однесува и на потесните семејства на Груевски и Мијалков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Немам имот во САД“: Се огласи Груевски, откако САД го ставија на „црната листа„

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Психологот Велески за менталните последици од Ковид-19: Егото го расипува телото, треба да се подготвиме за заштита

Редакција

Денеска нестабилно време, попладне со услови за пороен дожд и грмежи

Редакција

(ВИДЕО) Во Лондон уапсен основачот на Викиликс, Џулијан Асанж

Редакција