еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

“Немам имот во САД“: Се огласи Груевски, откако САД го ставија на „црната листа„

Откако САД го ставија на „црната листа“, на Фејсбук се огласи поранешниот премиер Никола Груевски.

“Подолг период се говореше она што денес се објави. Високи преставници на властите во Македонија не криеја во неформални кругови дека со години лобираа за истото да се случи.

Моите долгогодишни напори проблемот со името да се реши на поинаков начин од оној на кој на крајот се реши, одлуките поврзани со мигрантската криза и затворањето на блаканскиот коридор во 2016 година и неколку други одлуки со кои се обидував да ги заштитам државните и националните интереси на Македонија иритираа некои земји и ми навлекоа многу противници како што на пример беше Џорџ Сорос, кој вложи многу напори и финасии за соборување на владата која ја предводев.

Жалам за одлуката на State Department која ја објавија денес, а меѓу другите се однесува на мене.

Наводите кои се наведени заради кои сум ставен на листата се неточни информации на кои подлегнале и во најголем дел произлегуваат од долгогодишниот политички прогон кој се води против мене во Македонија.

Од тој аспект иако немам никаков имот во САД, чуствувам голема неправда, бидејќи работев многу чесно и многу одговорно борејќи се за државните и националните интереси, а при тоа колку што можев се трудев да не ги загрозам интересите на сојузниците на Македонија. Никогаш не работев за личен финасиски или матерјален интерес.

Ќе продолжам да се борам во правец да ја докажам вистината.

Ќе продолжам да се борам за Македонија“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски и Мијалков со семејствата ставени на „црната листа“ на САД

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новинарскиот еснаф и бизнис-заедницата ќе соработуваат врз основа на Меморандумот кој го потпишаа ЗНМ, СЕММ и Стопанската комора

Редакција

Повторно топол бран: Од средината на следната недела до 41 степени

Редакција

Нови 982 случаи на Ковид-19 од 2.805 тестирања

Редакција