еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Жителите врескаат од балконите: Шокантни снимки од кинески Шангај кој е во карантин

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се слуша како жителите на кинескиот град Шангај, врескаат од балконите поради карантинот, во кој се од крајот на март, поради зголемениот број на новозаразени со Ковид-19.

Многу лица деновиве буквално останаа без храна, лекови и други основни работи, бидејќи не смеат да излезат од своите домови, а што е уште пошокантно, како што пренесе CNN на нивните врати се залепени пломби, па ако ја отворите вратата, властите ќе знаат дека сте го напуштиле домот.

Властите во Шангај најавија денеска ќе започнат со олеснување на „затворањето“ во некои области.

Во овој кинески град живеат околу 26 милиони лица.

Фото: Унсплеш/видео: Гардијан/CNN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мукаетов панелист на СЕФФ: „Моќна и обединета бизнис-заедница значи силна економија“

Редакција

Блумберг: ЕУ пред крах со вакцинирањето, обезбедени само 8,9 милиони дози

Редакција

Падна владата на Петков

Редакција