еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Брако“ инвестира во фотоволтаик кој што ќе обезбеди 40 отсто од потребите за струја на фабриката

Во тек е инвестицијата на „Брако“ во изградба на фотоволтаична електрана за производство на електрична енергија. Во моментов се инсталирани 0,4 MW, а во следните неколку месеци ќе бидат инсталирани уште 0,4 MW, информираат од компанијата.

До крајот на годинава фотонапонската централа во „Брако“ ќе има вкупно инсталирана моќност од 1,5 MW, со што годишно ќе се произведуваат 2250 MWh електрична енергија што ќе обезбеди 40 проценти од потрошувачката на „Брако“, а при тоа ќе се редуцираат 2000 тона CO2e на годишно ниво.

Коефициентот на заштедени емисии на СО2 во нашата државае 0,9kg/kWh и е причина повеќе обновливите извори на енергија, во случајов, сонцето, да има клучна улога во полето на декарбонизација во енергетскиот сектор.

Фотоволтаиците имаат значителен придонес во обезбедувањето на електрична енергија за сопствени потреби и за продажба,така што, интересот за инвестирање во нив драстично се зголемува со се поамбициозни планови за инвестирање во нив.

Производството на електрична енергија од обновливи извори е и моќен начин за ублажување на климатските промени, посочуваат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Xiaomi отвори ексклузивна продавница во ГТЦ: Рекордни 400 посетители, најголем број во регионот

Силвана Жежова

Вања била врзана и изнесена од зградата преку подрумите во зградата каде живееше?

Редакција

Ќе ги плаќа по 10 евра за легло на ден: Владата ги повика хотелите да ги отстапат капацитетите за државни карантини

Редакција