еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

(Галерија) Xiaomi отвори ексклузивна продавница во ГТЦ: Рекордни 400 посетители, најголем број во регионот

Xiaomi отвори ексклузивна продавница во ГТЦ во Скопје, која е дом на врвната Xiaomi и Redmi мобилна технологија, паметни уреди за домот, телевизори, аудио и видео опрема, како и лајфстајл производи за секаква намена.

Менаџментот на брендот, кој доаѓа од Србија, истакнаа дека на отворањето на продавницата имало рекордни 400 посетители, што ја прави број еден по посетеност на отворање на овој бренд во регионот, а овој податок е внесен и во работата на корпорацијата Xiaomi во Хонг Конг.

На презентацијата на производите, за мал број на медиуми, помеѓу кои беше и еМагазин.мк, беше истакнато дека целта на компанијата е да произведува високо-квалитетни производи, но со достапни цени за потрошувачите.

Она по што оваа компанија се разликува од останатите е што секој производ што го прави е во соработката со нејзините фанови, чиј што број е огромен. Имено, врз основа на нивниите сугестии и предлози, Xiaomi развива нови производи, или пак ги надоградува веќепостоечките.

Ѓорѓе Јовановиќ од маркетинг секторот на регионалното претставништво на Xiaomi во Србија истакна дека врз основа на предлог на еден фан на брендот, настанала и електронската пумпа за гуми за велосипеди, автомобили па дури и камиони, а е голема како едно токи-воки.

Тој Кинез кој пишал на платформата на компанијата дека, како велосипедист се соочува со недоволно станици за пумпање на гумите, а воедно сите пумпи за гуми се рачни и гломазни, ја натерало компанијата, со негова помош да ја развие електронската пумпа, со наједноставни команди и најмала што може, за да се стави во ранец.

На овој начин настанале и еден куп други производи, кои како потреба, произлегле од секојдневниот начин на живот.

Оттука, како што истакна Јовановиќ и многу често на производите на Xiaomi, се прават „апдејти“, бидејќи компанијата брзо реагира на забелешките на конзументите и ги подобрува производите.

Така што, силната страна на оваа компанија е нејзината поврзаност со корисниците на нивните производи, и високата респонзивност која ја има кон нив.

За Xiaomi

Корпорацијата Xiaomi е основана во април 2010 година и котирана на Главниот одбор на берзата во Хонг Конг на 9 јули 2018 година (1810.HK).

Веќе добро препознатливиот „MI“ знак во логото првично значеше „Mobile Internet“, но денес тоа има повеќе значења, меѓу кои е и „Mission Impossible“, затоа што Xiaomi се соочи со многу предизвици кои на почетокот изгледаше дека е невозможно да се надминат.

„Денес сме горди на фактот што веќе 11 години успешно креираме квалитетна технологија достапна за секого,“ велат од компанијата.

Од средината на 2020 година, Xiaomi се искачи на второто место на глобалниот пазар на паметни телефони. Исто така, ја воспоставивме водечката светска платформа за потрошувачи AIoT (AI+IoT), со над 374,5 милиони паметни уреди поврзани на неа, не вклучувајќи ги паметните телефони и лаптопи, велат од компанијата.

Производите на Xiaomi се присутни во повеќе од 100 земји и региони ширум светот. Во август 2021 година, нашата компанија по трет пат се најде на листата на Fortune Global 500, рангирајќи се на 338-то место, што претставува раст од 84 места во споредба со 2020 година, велат од компанијата.

За вработените во Xiaomi 

Голем дел од вработените во Xiaomi биле меѓу првите фанови пред да се приклучат на тимот на компанијата, кој е посветен на создавање совршенство, постојано усовршувајќи ги и унапредувајќи ги нашите производи, со цел да создадеме најдобро можно корисничко искуство, велат од компанијата.

„Од взаемната почит и доверба со нашите фанови во септември годинава произлезе „Xiaomi Fan Story“, серија документарни филмови снимени како придонес од глобалната заедница на Xiaomi.

Преку оваа серија, глобалната заедница се собра за да соработува и да го пренесе „Just for fans“ духот на брендот на Xiaomi.

Овој документарен филм од шест епизоди е збирка од вистински приказни што фановите ги снимиja за нивните сопствени животи. Видеата прикажуваат шест фанови на Xiaomi, кои потекнуваат од различни делови на светот, вклучувајќи ги Пакистан, Полска, Виетнам, Португалија и Италија.

Серијата не само што ја документира нивната упорност додека ги следат своите страсти, туку илустрира како брендот Xiaomi стана составен дел во поддршката на нивните амбиции.

Нашата посветеност и верба во иновациите, заедно со поддршката од фановите, се движечките сили зад нашите уникатни Xiaomi производи. Затоа сме бестрашни во тестирањето на новите идеи и поместувањето на нашите сопствени граници,“ додаваат од компанијата.

Безбедноста на корисниците како императив

Кога станува збор за приватноста, контролата над податоците секогаш останува индивидуален избор кој им припаѓа на корисниците, а компанијата собира податоци само со нивна согласност. Секој корисник може да побара пристап, корекција или бришење на сочуваните информации преку центарот за поддршка за приватност во секое време, посочуваат од компанијата.

„Сите кориснички податоци се заштитени со нашите безбедносни механизми кои се тестирани и сертифицирани од водечките светски експерти. Тие се пренесуваат преку шифрирани комуникациски канали и се складираат кај најдобрите глобални „cloud“ провајдери.

Посветени сме на воспоставување стандардизирана и прогресивна процедура за проценка на влијанието врз приватноста за да се осигураме дека нашите производи и услуги се усогласени со законите и прописите за заштита на податоците.

Веруваме дека технологијата за вештачка интелигенција го подобрува и збогатува корисничкото искуство на нашите електронски производи за широка потрошувачка. Затоа во моментов ги користиме следните алгоритми за вештачка интелигенција во нашите уреди: оптимизација на сликата на камерата, намалување на шумот во гласовната комуникација, отпечаток од прст и отклучување со лице.

Нашите алгоритми за вештачка интелигенција никогаш не пренесуваат никакви кориснички податоци. Сите алгоритми за вештачка интелигенција работат само на локалниот уред на корисникот и сите податоци обработени од овие алгоритми се складираат само на локалниот уред на корисникот,“ додаваат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ердоган: Западот стои зад „масакрот“ во Газа, користејќи го Израел како „пион“

Редакција

Исполнети 90% од капацитетите, Крушево полно со гости за Велигден

Редакција

Навредите и провокациите на Каракачанов кон Македонците, нема да им донесе леб на Бугарите

Редакција