еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Навредите и провокациите на Каракачанов кон Македонците, нема да им донесе леб на Бугарите

Бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, нехаризматичниот Красимир Каракачанов успеа да ја упропасти и да ја претвори во нова провокација и убавата најава, вистински пример за добрососедство, дека Бугарија ќе и донира на Македонија вакцини за Ковид-19.

Тој во интервју за бугарската телевизија БНТ рече дека вакцината не била наменета за соседите, туку за сонародниците кои живееле надвор од ЕУ, а во Македонија според него ги имало 120 илјади.

За жал Каракачанов не е единствениот бугарски политичар кој секојдневно шири омраза и ниско ги провоцира Македонците. Да не ја заборавиме номинираната од бугарски медиум за „тиква на годината“, бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, сопартиец со „отровни стрели“ на Каракачанов, Ангел Џамбаски

Долга е листата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помагаме не на наши соседи, туку на сонародници: Каракачанов за бугарската донација на вакцини за Ковид-19 за Македонија

Сите тие наместо да им понудат на Бугарите нови работни места, нови инвестиции, подобар живот, општество без криминал и корупција… решија пред избори поени да собираат со навреди кон Македонците.

Смешни се коментарите на бројните македонски политичари и т.н. експерти, но и на некои европски политичари дека бугарските политичари се однесуваат како што се однесуваат поради тоа што во март следната година во Бугарија ќе имало избори.

Логично е да се постави прашањето, а што омразата кон Македонците ќе им донесе на Бугарите? Леб сигурно не.

Бугарите и понатаму како што покажаа неодамна податоците на Евростат ќе си останат најсиромашни во Европската Унија (ЕУ) и чарето ќе си го барат надвор од нивната земја.

Според истражување на „Отворено општество“, направено по повод 10-годишнината од членството на Бугарија во ЕУ, во странство живеат околу 1,1 милиони граѓани родени во Бугарија, од кои помеѓу 600.000 и 700.000 ја напуштиле земјата поради економски причини.

Со ова треба да се занимават Каракачанов, Захариева и останатите како нив.

Истото им го порачаа и бугарските граѓани кои со месеци протестираа против „мафијашката држава“, како што ја нарекоа на протестите.

И мнозинството од Македонците кои си купиле бугарски пасош го прават истото. Мнозинството од нив не зедоа пасош за да живеат во Бугарија или поради тоа што наводно имале бугарски корени, туку да најдат работа во вистинска членка на ЕУ, каде нивната работа навистина ќе биде платена.

Така да ако сакаат Каракачанов и останите како него да направат добро за своите граѓани, нека почнат да им ги решаваат вистинските проблеми на Бугарите, а не измислените со Македонците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зарем некој верува дека 88 илјади Македонци зеле бугарски пасош оти се Бугари

Каракачанов пак излажа, во Македонија со години две бугарски телевизии емитуваат програма

(Документи) Што пишува во досието на Каракачанов кога работел како агент за бугарската служба за безбедност

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска дојава за бомба и во Народна банка

Редакција

Состојбата со корона вирусот од аспект на психолог: После фазата на гнев, ќе следи депресија па апатија

Редакција

Како и што најавија, Алијанса на Албанците и Алтернатива во Собрание ги блокираа парите за граѓаните и фирмите

Редакција