еМагазин
Image default
Македонија

Помагаме не на наши соседи, туку на сонародници: Каракачанов за бугарската донација на вакцини за Ковид-19 за Македонија

Бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов во интервју за бугарската телевизија БНТ, рече дека најавената донација на вакцини за Македонија од Бугарија не е за соседи, туку за сонародници кои живеат надвор од ЕУ.

„Тука не станува збор за соседи, туку за сонародници. И не само во Македонија, туку и западните покраини во Украина и Молдавија каде има бугарски заедници. На крајот на краиштата Бугарија е држава на сите Бугари.

Ние имаме сонародници кои живеат во државите надвор од ЕУ. Тие се бугарски граѓани. Тие можат и треба да се вакцинираат. Кога ние ги признаваме за Бугари треба да им дадеме можност да им се помогне, се разбира ако сакаат, тоа е доброволно“, рече Каракачанов.

Во интервјуто не заборави и да ги спомене и Македонците кои извадиле бугарски пасоши, па според него ‘покрај Вардарот’ има околу 120.000 бугарски граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каракачанов пак излажа, во Македонија со години две бугарски телевизии емитуваат програма

(Документи) Што пишува во досието на Каракачанов кога работел како агент за бугарската служба за безбедност

Зарем некој верува дека 88 илјади Македонци зеле бугарски пасош оти се Бугари

Фото: Фејсбук/Каракачанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот порасна: Македонија ќе прифати 450 цивили од Авганистан

Редакција

Убава вест: Од 171 тест во градинките во Скопје и Битола ниту еден позитивен на корона вирусот

Редакција

Во велешката болница двајца починати од Ковид-19

Редакција