еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Документи) Што пишува во досието на Каракачанов кога работел како агент за бугарската служба за безбедност

Додека бил студент, Красимир Каракачанов, актуелниот вицепремиер и министер за одбрана на  Бугарија бил соработник на Шестата управа на Државната безбедност за борба против идеолошката диверзија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од агент на бугарската служба за безбедност до вицепремиер: Кој е Красимир Каракачанов

Информацијата стана јавна откако Бугарија во 2007 година одлучи да ги отвори досиејата на бугарските политичари.

Како Каракачанов стана агент

Во 1989 година, Каракачанов бил назначен за соработник од Шестата управа на Државната безбедност за борба против идеолошката диверзија.

Тој бил идентификуван како „соодветен“ поради неговиот интерес за македонското прашање.

Оперативниот контакт со него бил воспоставен на 5 февруари 1989 година.

Како канидат-агент го добил псевдонимот „Дончо“, а неговите извештаи од тој период се однесуваат за лица поврзани со Културно-образовниот клуб „Гоце Делчев“ на чии состаноци присуствувал, а подоцна станал и дел од младинската секција на клубот, како и за државјани на Југославија.

Три месеци по првичниот оперативен контакт, Каракачанов бил регрутиран како агент под псевдонимот „Иван“.

„Каракачанов ги има потребните лични квалитети и природна способност да комуницира оперативно за информации по линијата на „про-македонски национализам “, стои во заклучокот на оперативците од Шестата управа.

Во еден од своите разузнавачки извештаи, “Иван“ информирал и за за формирање на македонско здружение „Илинден„. Тој е последен извештај и е од 13 декември 1989 година.

Неговото досие не содржи информации кога точно престанал да работи за разузнавачите служби.

По откривањето на неговото разузнавачко минато Каракачанов изјави дека не се срами затоа што сите негови активности биле во интерес на Бугарија.

„Она што тие го побараа од мене беше да го напишат моето мислење за одредени прашања од бугарско-југословенските односи и особено за македонското прашање. И го напишав она што го мислев…

Дека нашата земја нема политика за македонското прашање, дека југословенските медиуми и пропагандни институции се оставени да ја пропагираат македонската нација и во Бугарија и низ целиот свет“, ќе изјави меѓудругото Каракачанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Македонците се Бугари, Македонија е бугарска„: Како на социјалните мрежи во Бугарија се шири говор на омраза

Како Македонци, Косовари, Молдавци, Албанци, Арапи без бугарски корени си купија бугарски пасош

Која е Екатерина Захариева, што пишува во биографијата на бугарската министерка за надворешни работи

Фото: Каракачанов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 85 случаи на заразени со корона вирусот од 1.188 тестирања

Редакција

(ВИДЕО) Неконтролирано тресење: Како изгледа заразен од коронавирусот

Редакција

И новото жариште со Ковид-19 во Ресен е од семејна прослава

Редакција