еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

„Македонците се Бугари, Македонија е бугарска„: Како на социјалните мрежи во Бугарија се шири говор на омраза

Само со еден клик, без некое посебно истражување, на Фејсбук може да се најдат бројни страници кои во Бугарија шират говор на омраза кон Македонците и Македонија.

Од бугарските власти речиси секојдневно сме бомбардирани со тезата дека во Македонија на големо се шири говор на омраза кон Бугарите и Бугарија, но никој од нив до сега не спомена дека истото не само сега, се случува, и во Бугарија за Македонците и Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бојко Борисов има фанови и во Македонија

Па така на Фејсбук можат да се најдат страни кои пропагираат дека Македонците се Бугари, дека Македонија е бугарска, дека македонската историја е фалсификат, се споделуваат карти на „Голема Бугарија“…

До сега немало никаква реакција за овој тренд од македонските институции, кои најавија „ловење„ на говорот на омраза на социјалните мрежи во Македонија за Бугарите и Бугарија.

За разлика од нашите, бугарските институции, но и тамошните медиуми сериозно почнаа да „архивираат“ буквално се, за да истото го користат како аргумент за тезата за ширење на говор на омраза во Македонија и тоа да го искорисат за блокирање на земјата.

 

Како што стојат работите моментално, по бугарското вето за Македонија, за очекување е говорот на омраза на социјалните мрежи и во двете земји да расте.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тупанчевски поднел оставка на 10, а правно мислење за еврообврзницата му побарале на 15 февруари

Редакција

(Видео) Бојко Борисов хит на социјалните мрежи: „Не кашлај“

Редакција

(Видео+фото) Протестите ескалираа: 47 повредени полицајци и 11 приведени демонстранти

Редакција