еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Тупанчевски поднел оставка на 10, а правно мислење за еврообврзницата му побарале на 15 февруари

Во врска со непотпишувањето на правно мислење за еврообрзницата од страна на поранешниот министер за правда Никола Тупанчески, ресорното Министерството денеска појасни дека неговата оставка од страна на Собранието е констатирана на 13 февруари и согласно тоа тој нема право да стави потпис.

Барањето за мислење од Министерството за финансии, како што информираа од Министерството за правда, е пристигнато на 15 февруари.

– Министерот за правда Никола Тупанчески до Владата поднесе оставка од функцијата на 10.02.2023 година. Собранието ја констатираше оставката и престанокот на функцијата министер за правда на седница на 13.02.2023 година.

Од 14.02.2023 година, Никола Тупанчески е во работен однос на Правниот факултет „Јустинијан Први”. Барањето од Министерството за финансии за потпишување на правно мислење за еврообврзницата е примено во Министерството за правда на 15.02.2023 година.

Со оглед на тоа што Тупанчески не е министер за правда од 13 февруари, тој нема право да стави потпис како министер, се вели во соопштението од Министерството за правда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пропадна владината еврообврзница од 600 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потполковник на АРМ сомнителен на јужноафриканскиот сој на Kовид-19, од мисијата ќе биде префрлен на Инфективна клиника

Редакција

105 навивачи завршија во притвор за убиството на навивачот на АЕК, ќе бидат префрлени во 16 затвори

Редакција

Починаа уште осум лица заболени од корона вирусот, вкупно 414

Редакција