еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Екатерина Захариева, што пишува во биографијата на бугарската министерка за надворешни работи

Последниве месеци речиси да нема ден, а изјава на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева да не заврши во македонските медиуми. За жал не ретко нејзините изјави се со апсурдни уцени за македонските власти, но и навредувачки за македонскиот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) 300 илјади граѓани во 1947 година го пречекаа во Бугарија „диктаторот“ Тито

Изјавата на Захариева за Тито е глупост, Скопје за време на „администрацијата“ на Бугарија загуби 5 илјади граѓани, вели Шилегов

„На Захариева и паднал шеќерот“: Твитер „поцрвене“ по последниот апсурд за славењето на Тито

Која е Екатерина Захариева 

Според официјални податоци кои за нејзе може да се најдат на интернет, Екатерина Спасова Гечева-Захариева е родена на 8 август 1975 година.

Родена е во Пазарџик.

Омажена е, а нејзиниот приватен живот секогаш успешно го чувала од јавноста.

Какво образование има

Дипломирала и магистрирала на Пловдивскиот универзитет по право.

Интересен детал кога е во прашање нејзиното образование е и дека зборува германски јазик.

Политичка кариера

По завршувањето на образованието почнала да работи како адвокат, а во 2003 година станала правен советник во бугарското Министерството за животна средина и вода.

Неколку години подоцна, навлегува подлабоко во политичките води и во 2009 година станала министерка за регионален развој во владата на Росен Плевнелиев.

Кога тој станал претседател на Бугарија, е избрана за привремен заменик-премиер во владата на Марин Рајков.

Во 2013 година е повторно министерка за регионален развој, а од декември 2015 година до јануари 2017 година била министерка за правда.

Стана министерка за надворешни работи на Бугарија во мај 2017 година.

Таа е член на партијата на актуелниот бугарски премиер Бојко Борисов, ГЕРБ.

Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Претседателот Пендаровски ја посети Алкалоид

Редакција

Заканата од трета светска војна навистина постои и е сериозна, предупредува Лавров

Редакција

ОН: Над 3 милиони Украинци ја напуштиле државата

Редакција