еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Од агент на бугарската служба за безбедност до вицепремиер: Кој е Красимир Каракачанов

Последниве месеци речиси нема ден, а да не слушнеме некоја контраверзна изјава или навреда за Македонците, македонскиот јазик и идентитет од страна на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов.

Тоа е многу разбирливо ако се има во предвид фактот дека всушност цела негова политичка кариера се базира токму на анти-македонска пропаганда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи) Што пишува во досието на Каракачанов кога работел како агент за бугарската служба за безбедност

Соработник на поранешната комунистичка бугарска служба за државна безбедност

Красимир Дончев Каракачанов е роден на 29 март 1965 година во Русе, Бугарија и е актуелен лидер на бугарската националистичка партија ВМРО-БНД.

Она што е една од највпечатливите работи во неговата биографија е дека Каракачанов додека бил студент бил соработник на поранешната комунистичка бугарска служба за државна безбедност под прекарот „Дончо“ како кандидат-агент, а подоцна како агент под прекарот „Иван“, што излезе на виделина откако бугарските власти решија да ги отворат досиејата на политичарите.

Погодувате? Да, македонското прашање е во фокусот на неговото делување како агент.

Образование

Средното образование го завршил во Софија.

Во 1985 година е студент по историја на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Велико Трново.

Во 1987 година се префрлил на Факултетот за историја на Универзитетот „Климент Охридски“ во Софија.

Политичка кариера

За прв пат влегува во бугарското Национално собрание во 1997 година, а во тој период бил и член на собранискиот Комитет за национална безбедност.

Пратеник е и во периодот од 2005 до 2009 година и од 2014 до 2017 година.

Двапати беше и кандидат за претседател на Бугарија, на изборите во 2011 и 2016 година, но безуспешно.

Од мај 2017 година е вицепремиер и министер за одбрана.

Бугаризирање на Македонци во Албанија

Според некои бугарски медиуми и познавачи на политичката ситуација, Каракачанов е вмешан и во активностите за бугаризирање преку агитација на одреден дел од македонското население во Албанија и негирањето на постоење на Македонци во Албанија претендирајќи да ги претстави како Бугари.

Неговата политика е по секоја цена, употребувајќи најрадикални мерки, да се негира постоењето на Македонците како етничка реалност и нивно прикажување како етнички Бугари.

Она што исто така треба да се напомене е дека официјалните власти во Бугарија никогаш немале проблем со неговата дејност и постапки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како Македонци, Косовари, Молдавци, Албанци, Арапи без бугарски корени си купија бугарски пасош

Скандал со бугарски пасоши

Неговата партија во 2018 година беше во центар на големиот скандал со издавањето бугарски пасоши. Бугарските медиуми тогаш пишуваа дека главен извор на финансии за неговата ВМРО-БНД била услугата од продажба на бугарско државјанство на Македонци преку две фирми, едната за превод, а другата била адвокатска фирма, и од него беше побарана оставка.

Каракачанов остро ги демантираше обвинувањата во кои се споменуваше неговото име. Тој тврдеше дека секогаш ја бранел каузата етничките Бугари од Македонија, Молдавија и Украина да добијат државјанство со поедноставена постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Македонците се Бугари, Македонија е бугарска„: Како на социјалните мрежи во Бугарија се шири говор на омраза

Која е Екатерина Захариева, што пишува во биографијата на бугарската министерка за надворешни работи

Фото: Каракачанов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР ќе поднесе кривична пријава против пет лица за „орото во Чаир“

Редакција

Македонија протера руски дипломат

Редакција

Поскапуваат бензините и дизелот

Редакција