еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Запленети близу 37.000 пиротехнички средства во Кичево, приведено едно лице

На 24.12.2020 полициски службеници од ОВР Кичево, по претходно добиени оперативни сознанија извршија контрола во правно лице во Кичево, чиј управител е Е.Е. (44) од Кичево, информира МВР.

„При прегледот се пронајдени и одземени пиротехнички средства, по што е извршен и претрес, по добиена наредба од Основен суд Кичево, во дом и други простории на Е.Е., при што е пронајдена поголема количина пиротехнички средства.

Вкупно се запленети 36.576 пиротехнички средства, а Е.Е. е приведен и протов него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поведена постапка за полов напад врз дете против монструм од битолско

Редакција

(Видео) Акција на МВР во Битола и Прилеп: Откриени „еден куп“ нерегистрирани возила во сообраќајот

Редакција

Скопјанка пријавила силување врз 17-годишната ќерка

Редакција