еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Извештајот на ДСЗИ за случајот со ракометарот Тот е доставен во мојата канцеларија, се чека извештај од судска медицина, вели Сали

Извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за случајот со хрватскиот ракометар Денис Тот е доставен во мојата канцеларија, сега чекаме извештај од судска медицина.

По комплетирање на сите документи ќе се формира комисија ако има потреба и ако има сомнеж за некој детаљ, па потоа ќе дадам дефинитивна изјава, истакна денеска министерот за здравство Беким Сали.

Тој вели оти „сликата се уште не е комплетирана“, па поради тоа не може да даде прецизен одговор во однос на тоа дали има некој лекарски пропуст во овој случај.

– Не би сакал во период кога се уште е отворен процесот да дадам некоја изјава. Се уште сликата не е комплетирана, не можам да дадам прецизен одговор, меѓутоа гледам дека секоја институција својата работа си ја обавува во рамки на своите ингеренции.

И со директорката Мојсова и со директорката Букова сме разговарале, меѓутоа дозволете да заврши процесот, па да кажеме, додаде Сали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анџело Ѓорѓиевски спроведен во затворот во Шутка: Детали од МВР

МИА/Фото: Фејсбук/Сали

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радев: Притисокот кон Бугарија заради ветото за Македонија ќе се зголемува

Редакција

Франција предложи формирање на “Европска политичка заедница“ до крајот на годината

Редакција

Владата донесе уредба за одложено плаќање на кредитите, на ред се банките

Редакција