еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Турција го менува името во Туркије

Турските власти одлучија да го ребрендираат имиџот на земјата во светот, објави турската телевизија ТРТ.

Претходно овој месец турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави соопштение во кое се наведува дека меѓународно признатото име на земјата се менува од „Турција“ во „Туркије“ („Turkey“ u „Turkiye), појасни телевизијата.

„Зборот ‘Туркије’ на најдобар начин ги претставува и изразува културата, цивилизацијата и вредностите на турската нација“, се вели во соопштението.

На турски земјата се нарекува Туркије.

Земјата го прифати името по стекнувањето независност од западните сили во 1923 година, кои привремено ја окупираа.

Низ историјата, Европејците ја знаеле како османлиска држава, а потоа ја познавале под многу варијации на зборот „Турција“. Името што остана најмногу беше на латински „Turquia“, а најприсутно беше „Turkey“.

Според речникот на Кембриџ, зборот „Турција“ се дефинира како „нешто што лошо паѓа“, или „глупава“ или „смешна личност“.

Огромното мнозинство луѓе во Турција веруваат дека именување на земја според нејзината локална варијација има смисла и е во согласност со целите на земјата да одреди како другите треба да ја идентификуваат.

Во согласност со тоа, неодамнешното соопштение јасно стави до знаење дека во контекст на зајакнување на брендот „Turkiye“, во сите видови активности и кореспонденции, особено во официјалните односи со други земји и меѓународни институции и организации, ќе се користи терминот „Türkiye“ наместо изрази како што се „Turkey“, „Turkei“, „Turquie“ и така натаму.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фабриките да ја реорганизираат работата во смени, препорача Владата

Редакција

Убава вест: Оздравени 1.347 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Звучни имиња и познати фирми на новата листа на должници на УЈП

Редакција