еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Нема опасност за куќите кај струшката населба Елен Камен, пожарот сè уште е активен

Сè уште е активен пожарот кој вчера избувна во шумата над струшката населба Елен Камен. Екипа на Територијалната противпожарна единица – Струга е на терен, но местото било непристапно за возило.

– Засега нема опасност за викендичките и куќите во населбата Елен Камен, информираат од ТППЕ – Струга.

Иако побарале помош од надлежните институции, струшките пожарникари велат дека се сами на терен.

Пожарот кој вчера напладне избувнал во шумата на патот кон селото Радожда, во близина на викенд населбата Елен Камен, предизивика страв кај жителите, поради проширување кон куќите.

Силниот ветер дополнително ја отежнуваше работата на пожарникарите и ги ширеше пламените јазици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шумски пожар во близина на туристичката населба Елен Камен покрај Радожда, проблем е ветерот

МИА/Фото: Министерство за економија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО прогласи крај на пандемијата со Ковид-19

Редакција

Беќаровски: Неконтролираната употреба на атибиотици кај болните од ковид предизвикува постковид симптоми како опаѓање на коса и хроничен замор

Редакција

Дојави за бомби во 12 скопски и осум кумановски училишта, во тек се проверки

Редакција