еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Украина може да биде поделена на неколку држави, вели висок руски функционер

Високиот функционер на Кремљ, Николај Патрушев изјави дека Украина може да биде поделена на неколку делови.

Патрушев, секретар на Советот за национална безбедност на Русија, изјави дека „политиките на Западот и режимот во Киев, кој е под контрола на Западот“, ќе доведат „само до распаѓање на Украина на неколку држави“.

Русија неодамна објави дека се фокусира на проширување на контролата над Донбас, индустриски центар во источна Украина. Проруските сепаратисти поддржани од Москва се борат со украинските сили во Донбас од 2014 година, кога започна конфликтот по руската анексија на украинскиот полуостров Крим.

Неколку дена пред да ја нападне Украина на 24 февруари, Москва ја призна независноста на регионите Доњецк и Луганск, кои се дел од Донбас.

Висок руски воен функционер минатата недела изјави дека Москва, покрај преземањето контрола врз Донбас, сака и да ја окупира јужна Украина за да отвори копнен коридор меѓу Русија и молдавскиот проруски регион Придњестровје, чија самопрогласена независност другите држави ја немаат признатo.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе ја нападне ли и Молдавија: Кои се главните четири воени цели на Русија

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството изврши претрес во ДИК и ја одзеде тендерска документација за софтверот кој беше хакиран

Редакција

(Фото) Струмица доби десет електрични автобуси, кои ќе почнат да сообраќаат од 11. септември

Редакција

Министерството за правда вработува 40 лица, плата до 22.490 денари

Редакција