еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Правда ќе бара во Стразбур: Пчеларот чии пчели искасале сограѓанин треба да плати околу 10.000 евра казна

Апелацискиот суд од Битола ја потврдил казната на Основниот суд во Охрид за пчеларот од Охрид, чии пчели, според пресудата, искасале сограѓанин во 2014 година.

Осуденот пчелар Лазе Грозданов денеска на прес-конференција најави дека казната ќе ја плати, но правдата ќе ја бара во судот во Стразбур.

Пресудата од битолска Апелација, вели дека ја добил минатиот четврток, со која бил задолжен да плати околу 10.000 евра, односно 350.000 денари обесштетување и околу 135.000 денари за судски и други трошоци во постапката. Првичната пресуда на охридскиот Основен суд била 15.000 евра.

– Чекав до крај и слепо верував дека институциите ќе стават крај на лудилото, кое беше покренато уште во 2014 година.

Тужителот ме обвинува дека при транспорт со мое возило во јуни 2014 година сум превезувал пчели со недоволно обезбедени сандаци, како што тој тврди и од сандаците при транспортот се дигнал рој пчели.

Тоа колегите пчелари може да кажат дека е несвојствено при транспорт, дури и да не се сандаците добро затворени, пчелите да излезат. Мирисот кој го осеќаат пчелите ги плаши и тие остануваат околу пчелното семејство, вели Грозданов.

Тој тврди дека во постапката имало многу нелогичности. Најпрво, според оштетениот, на барање на судот вештак утврдил дека не е можно рој пчели да напаѓа при транспорт, што судот потоа во постапката не го земал во предвид.

– Врз основа на медицинската документација тужителот имаше направено приватно вештачење кај Павел Сотироски и на хирургија кај Никола Симоноски, каде имаа напишано, далеку од реалноста дека доживеал анафилактички шок дека имал незнам какви трауми, јас за да биде вистината задоволена го задолжив мојот адвокат ангажиравме експерт, кој осноа на наодите од лекарот Лиле Котлар ги прегледа средствата што му биле дадени на пациентот што се пожалил од убодите испаѓаше дека имал блага алергиска реакција во пределот на вратот и му била дадена умерена доза, значи не станува никаков збор за апилактички шок, појаснува Грозданов.

Претседателот на пчеларското здружение Охрид, Тони Јосифоски вели дека се згрозени од судската одлука.

– Дефинитивно мислам дека секој може да покрене постапка и да отвори спор, но Судот не требаше да ја прифати оваа судска одлука бидејќи не е донесена врз база на докази и факти.

Во никој случај при транспорт на пчели не може да излезе рој пчели и да извршат напад на лицето, неговата фамилија како што е наведено во тужбата. Не може само тој да е повреден, друг никој. Сите сме во страв и незнам дали ќе продолжиме со чување на пчели или не, рече Јосифоски.

Посочи дека Грозданов имал писмена поддршка од сите пчеларски здруженија во државата и побара одговорност од институциите.

– Ако човек претрпи анафилактички шок, тој не може да вози, да брка возила на сторителот и после 15-20 минути да оди на лекар, да носи соодветни документи дека претрпел шок. Докажано е дека шок се добива во првите две до три минути по убодот, додава Јосифоски.

Според него, во државата има некаде 7-8 илјади пчелари, кои живеат од оваа гранка, но со пресудата биле во размислување за намалување на пчелниот фонд.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Прослава со ракометарите на Плоштад: „Уааа“ за Град Скопје од граѓаните и „никогаш Северна само Македонија“ од навивачите

Редакција

Од Бугарија нема сигнал дека внесувањето на Бугарите во Уставот ќе биде нивно последно барање, вели Пендаровски

Редакција

Арнаудов и Василевски не сакаат да кажат дали ќе гласаат за одземање на пратеничкиот имунитет на Груевски

Редакција