еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ Банка: Детектирани обиди за злоупотреба на податоци и сметки, клиентите да не споделуваат лични податоци

НЛБ Банка денеска соопшти дека детектирала обиди за злоупотреба на податоци и сметки и апелира до нејзините клиенти да бидат особено внимателни при споделување на личните и банкарски податоци.

– НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека заради детектирани обиди за злоупотреба на податоци и сметки, кои Банката веднаш ги пресретна и спречи, треба да бидат особено внимателни при споделување на своите лични и банкарски податоци, се наведува во објавата на Фејсбук страната на Банката.

Од НЛБ апелираат до граѓаните со друго лице, дури и ако тоа се идентификува како претставник на Банката, да не ги споделуваат своите активациски кодови за електронско и мобилно банкарство, кодовите за интернет плаќања и ПИН кодовите од платежните картички.

– Потенцираме дека споменатите податоци никогаш нема да им бидат побарани на клиентите од ниту едно лице вработено во НЛБ Банка.

Апелираме до клиентите, каков било обид или злоупотреба на податоци, задолжително да го пријават на 02/15 600 или на [email protected]., се вели во објавата од Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕОС Матрикс Македонија прва компанија на финансискиот пазар со висок степен на ИТ-безбедност

Редакција

Собранието вработува 22 службеници

Редакција

Намалено пазарното учество на Комерцијална банка во вкупните кредити и депозити

Редакција