еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цените на бензините непроменети

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) соопшти дека донела одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 отсто во однос на одлуката од 9 мај.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-) се намалуваат за 2,50 денари за литар, додека малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, информираат од РКЕ.

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 90,50 денари/литар, Еуросупер БС – 98 за 92,50 денари/литар, Еуродизел БС (Д-Е V) за 87 денари/литар.

Цената на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе биде 85 денари/литар, а на Мазут М-1 НС 53,848 денари/килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,77 отсто, кај дизелот има намалување за 3,343 отсто, кај екстра лесното масло намалувањето е за 3,442 отсто и кај мазутот има намалување за 2,142 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,004 отсто.

Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги посочуваат дека од полноќ ова се максималните цени на нафтените деривати. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, додаваат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето се менува, следува период на дождови и голем пад на температурите

Редакција

Директорот на „Градски паркинг“ – Скопје, Бојан Христовски поднесе оставка

Редакција

„РИП финансии и МНР„: Твитер реакции за договорот на СДСМ и ДУИ да прават влада

Редакција