еМагазин
Image default
Бизнис

Александар Стојковски нов в.д. директор во ЈСП „Скопје“

Александар Стојковски е новиот вршител на должноста директор на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, соопшти Град Скопје.

Стојковски е дипломиран машински инженер на Машинскиот факултет во Скопје. Има над 20 години работно искуство, а на функцијата доаѓа како претходно вработен во ЈСП „Скопје“.

– Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на новиот директор му посакува успешна работа, да продолжи со досегашната успешна организациска поставеност на ЈСП, со грижата за вработените и да работи пред се во служба на сите граѓани, воспоставувајќи одлуки кои ќе бидат во интерес за сите граѓани, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Натаму се додава дека ЈСП „Скопје“ ќе продолжи со сите расположливи средства и ресурси да го опслужува јавниот превоз во интерес на скопјани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на ЈСП, Иван Илиевски си поднесе оставка, од Град Скопје велат дека му престанал мандатот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инвестиција од над 50 милиони евра: „Интернешнал фреш фуд“ ќе произведува домашно пилешко месо

Редакција

Колкави плати имале лани Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми: Комерцијална банка ги објави примањата на членовите на НО

Редакција

Хотели Метропол со добивка во првите девет месеци

Редакција