еМагазин
Image default
Бизнис

Во март 373 одобренија за градење, за 10% повеќе од лани

Во март годинава се издадени 373 одобренија за градење, што е за 10,4 проценти повеќе во однос на март лани, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во Скопскиот регион се издадени 93 одобрениеја за градење, односно по 17 во општините Гази Баба и Карпош, 12 во Чучер Сандево, по седум во Петровец и Сопиште, три во Аеродром…

Во Пелагонискиот регион се изаддени 65 одбренија, по 51 во Источниот и во Југозападниот регион, по 40 во Југоисточниот и во Пелагонискиот, во Вардарскиот 23, а во Североисточниот 10.

ДЗС информира дека предвидената вредност на објектите што ќе се градат според издадените одобренија изнесува 4.585.341.000 денари, и е за 12,1 проценти помалку во однос на март лани.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 182 (48,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 69 (18,5 проценти) од нискоградба и 122 (32,7  проценти) за објекти за реконструкција.

Како инвеститори на 195 објекти (52,3  проценти) се јавуваат физички лица, а на 178 (47,7  проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 501 станови, со вкупна корисна површина од 45.333 метри квадратни.

Од вкупно предвидените 265 станови се во Скопскиот регион, од кои 178 во Општина Гази Баба, 56 во Шуто Оризари, 28 во Карпош, 17 во Центар, 11 во Илинден, осум во Чучер Сандево, седум во Бутел и четири во Сопиште.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во криза приватниците вештачки ги „напумпаа“ цените на дрвото за огрев

Редакција

Кина, најголемиот трговски партнер на Македонија надвор од Европа најавува големи инвестиции

Редакција

Топ пет најголеми должници на новата Листа на должници на УЈП

Редакција