еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Приклучувањето на Финска на НАТО би било грешка, вели Путин

Рускиот претседател Владимир Путин, во денешниот телефонски разговор со финскиот колега Саули Нинисто, истакна дека би било грешка ако Хелсинки се откаже од неутралниот статус и се придружи на НАТО, соопшти Кремљ.

Финска не се соочува со безбедносни закани и потенцијалната промена во нејзината надворешнополитичка позиција може негативно да влијае на билатералните односи помеѓу двете земји, истакнал Путин.

Тој го информирал Нинисто дека преговорите со Киев практично се стопирани и оти украинската страна не е заинтересирана за сериозен и конструктивен дијалог.

Телефонскиот разговор беше реализиран на барање на Нинисто.

– Разговорот беше директен и отворен и беше воден без отежнување, посочи Нинисто.

Тој во телефонскиот разговор со Путин истакнал дека по руската инвазија драстично се променило безбедносното опкружување на Финска поради што земјата одлучила во следните денови да побара членство во Алијансата.

По најавата на Хелсинки дека планира да аплицира за членство во НАТО, Финска беше исклучена од руската електрична мрежа, а Русија спроведе воени вежби во Калининград, својата енклава на Балтичкото Море.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија го прекина снабдувањето на Финска со електрична енергија

Русија најави дека ќе мора да преземеме „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска за влез во НАТО

МИА/Фото: РТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клубот „Аватар“ се пререгистрирал како кафе бар, полицијата му поднесе кривична за непочитување на здравствените прописи

Редакција

(Фото) Деца од ОУ Ѓоргија Пулевски донираа пари за топол оброк за нивните врсници кои неможат да си го дозволат

Редакција

Кои од албанските партии од Македонија потврдија присуство кај Рама

Редакција