еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) „Падна“ Азовстал, последниот бастион на отпорот против руската армија во Мариупол

Над 260 украински војници беа евакуирани од опколената фабрика за челик „Азовстал“ во пристанишниот град Мариупол, Украина, очигледно предавајќи ја контролата врз градот на руските сили по 82 дена бомбардирање, пренесува Гардијан.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малијар доцна синоќа изјави дека 53 тешко ранети војници се евакуирани во болница во градот Новоазовск, кој е под руска контрола, а повеќе од 200 други биле пренесени по коридорот до Оленивка.

Таа додаде дека ќе има размена за да можат евакуираните да се вратат дома.

Не е познато колку војници останале во фабриката за челик – се верува дека има околу 600, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека „се надева дека ќе ги спасат нивните момци“.

“На Украина ѝ се потребни живи херои. Тоа е нашиот принцип“, истакна тој во видеообраќањето.

Гардијан пишува дека евакуацијата веројатно ќе го означи крајот на најдолгата и најкрвавата битка во украинската војна и ќе биде значителен пораз за Украина.

Фото/видео: Твитер/Mash/WithUkraine24/7/Гардијан/Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Благајник во ЈЗУ „Завод за нефрологија“ Струга четири години сам си ја зголемувал платата 

Редакција

Во Грција уапсени 119 лица поради предизвикување пожар од небрежност и 27 за подметнување пожар

Редакција

Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор, велат од германското МНР

Редакција