еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска сончево и топло, попладне во западните делови ќе има пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне, претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на краткотрајно невреме.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 7, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови ќе се задржи многу топло време со максимални температури над просекот за овој период од годината. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено денеска и утре кога локално процесите ќе бидат и поинтензивни во форма на невреме, информираат од УХМР.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Стелт“ варијантата на омикрон, подваријанта на Ковид-19, останува доминантна во Македонија

Редакција

Изминатата недела 110 случаи со мали сипаници, 18.880 деца се уште невакцинирани

Редакција

АХВ: Бесплатно микрочипирање на домашни миленици од 1 септември, потоа постапката ќе чини 800 денари

Редакција