еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Ресторан „Делфин“, убаво средено место среде зеленило, жубор на река, ранч за неповторливи доживувања

Ресторанот „Делфин“ во Чегране, гостиварско е вистинско откровение, место кое вреди да се посети, бидејќи има содржини кои го исполнуваат времето, посебно за семејства со мали деца.

Рибникот кој има капацитет од 100 тони риба постои веќе пет години, а ресторанот е изграден од пред три години.

„Ова беше државно земјиште, го приватизиравме, почнавме најпрво со рибникот, но потоа го отворивме ресторанот со ранчот,“ вели за „еМагазин.мк“, сопственикот на ресторанот Семир Рушити.

Местото, кое се простира на 16 хектари, има мини зоолошка градина, а има можност и за јавање на коњи.

„Со понудата на содржини нема да застанеме овде, градиме голем аква парк кој треба да биде готов за две години, а инвестираме и во сала за свадби. Се е приватна инвестиција, освен што имаме земено ИПАРД-средства за рибникот,“ додава Рушити.

Сегашниот капацитет на гости е 1.200. Најбројни се гостите од Турција, кои, секој викенд доаѓаат со два до три автобуси. За нив се подготвува традиционална храна од телешко и јагнешко месо, риба, домашни пити подготвени од локалните жени.

„Месото што го служиме, сами го произведуваме. Исто така подготвуваме ајвар, кајмак, пиперки со павлака, односно се што е традиционално,“ објаснува Рушити.

Тој додава дека ковид-пандемијата многу влијаела врз работата на ресторанот, посебно со воведување на мерките.

„Имаше апсурдни ситуации, гостите доаѓаа со еден автомобил, а ние овде требаше да ги седнеме на две различни маси. За среќа, сега ситуацијата е подобра,“ вели Рушити кој, според она што го видовме на терен, е газда за пример.

Тој работи со вработените и учествува во секоја работа за која треба помош.

„Имаме 40 вработени, тешко е да се најдат луѓе за работа. Им ги зголемив платите за да ги задржам, за да се задоволни. Да има за нив, ќе има и за мене,“ додава нашиот соговорник.

Местото нуди за секого по нешто, но најважно од се е што е во природа и амбиентот овозможува бегство од секојдневните обврски, и квалитетно поминато време со најблиските.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Забрана за вршење дејност за 30 работодавачи поради непочитување на мерките за топлото време

Редакција

Почна украсувањето во Скопје, ќе има новогодишна програма и дополнителни содржини за граѓаните, уверува градоначалничката

Редакција

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата во „ББ+“

Редакција