еМагазин
Image default
Бизнис

Почна продажбата на станови во „Гранд Ривер“ – првиот објект од комплексот „Гранд Скопје“

Денеска за првпат официјално беше отворен продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“, со што се означи и почетокот на продажбата на станбен и деловен простор во објектот „Гранд Ривер“, кој е прв од трите кои се предвидени да се градат на оваа локација.

Продажниот салон, или т.н. “Showroom” се наоѓа во Градскиот трговски центар на првиот кат и веќе е достапен за сите заинтересирани граѓани секој работен ден од 10 до 18 часот.

Во присуство на медиумите и останати гости, инвеститорот детално го презентираше целиот комплекс „Гранд Скопје“, како и предностите за живеење во станбено-деловниот објект „Гранд Ривер“ кој е во моментов во градба и од каде всушност започнува и продажбата.

„Гранд Ривер претставува модерен станбено-деловен објект кој содржи три нивоа под земја, приземје и дваесет ката, а се гради согласно највисоките архитектонски стандарди и нормативи за градење на енергетски ефикасни објекти“, изјави Леонид Антиќ од МГ Фешн, додавајќи дека објектот е дизајниран да овозможи максимален комфор на идните корисници, како и целосно искористување на погледот и природната светлина, како кон реката Вардар, така и кон планината Водно.

Тој објасни дека објектот „Гранд Ривер“ како дел од комплексот „Гранд Скопје“ нуди атрактивни придобивки за неговите идни станари, поволност да имаат сѐ на дофат на рака, модерна шопинг галерија во централниот дел на комплексот, но и простор за одмор и релаксација во строгиот центар на градот, кој го обезбедува софистицираниот урбан парк кој ќе биде составен дел од „Гранд Скопје“.

Антиќ потсети дека инвеститорот МГ Фешн во рамки на комплексот предвидува и капитална инвестиција за уредување на јавната површина близу 7.500 м2 со разновидно парковско зеленило, налик на светските урбани паркови, и изрази подготвеност за соработка со Општина Центар за уредување на овој простор.

Зад архитектонското решение на „Гранд Скопје“ стојат реномираните архитекти Мартин Пановски и Јана Гугуловска Ѓорѓевиќ од „Радиус Архитекти“, а пак Пановски пред присутните истакна и дека создавањето на луксузен комплекс во центар на град е голем предизвик и голем творечки поттик за секој архитект. Нивната цел, вели тој, била од простор на којшто досега имаш едно мртво ништо, да создадат современ, жив и вибрирачки градски простор, полн со енергија својствена на центар на секоја метропола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ел те инженеринг“ го доби тендерот на ГА-МА за одржување и итни приклучоци на гасоводот вреден 1,3 милиони евра

Редакција

Железници вработува 7 службеници

Редакција

Звучни имиња на новата листа должници на УЈП

Редакција