еМагазин
Image default
Македонија

Демант од Обединети Нации: Нема упатство за промена на употребата на терминот „македонски јазик“

Од Обединетите нации за Радио Слободна Европа велат дека не е испратено упатство до персоналот на Секретаријатот со кој би се изменил терминот „македонски јазик“ во „ јазик на РСМ“.

Деновиве македонски медиуми повикувајќи се неименувани извори објавија информација дека во ОН ќе се промени терминот „македонски јазик“.

-Не е испратено такво упатство до персоналот на Обединетите нации со кое би се упатиле службите, наместо терминот “македонски јазик“ да го користат терминот „јазик на Република Северна Македонија“, се вели во одговорот за РСЕ од портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дјурачич.

-Употребата на референци од страна на Обединетите нации, вклучително и референци за придавки, за Северна Македонија се води според официјалната кореспонденција од Постојаната мисија на Република Северна Македонија во Обединетите нации од 14 февруари 2019-та година, како што е рефлектирано и во UNTERM, јавно достапна терминолошка база на податоци на Обединетите нации.

Секретаријатот на Обединетите нации, кој продолжува да го води персоналот на Секретаријатот, не издаде никакво друго упатство освен она содржано во UNTERM, велат од ОН за РСЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од МНР тврдат дека информациите за употребата на македонскиот јазик во рамки на ОН, биле шпекулација

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови три сестри позитивни на Ковид-19 во Струмичката болница, директорот бара дополнителен персонал

Редакција

МПЦ-ОА ги прифати во своја канонска јурисдикција архијереите на поранешната ПОА

Редакција

ИРЛ, Радио МОФ и Види Вака наградени за новинарски стории на тема поврзани со загадувањето на воздухот

Редакција