Во Македонија во април годинава се евидентирани 47.617 туристи, од кои 34.8% се домашни, а 65.2% се странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во април 2022 година изнесува 98.979, од кои 36.8% се од домашните туристи, а 63.2% од странски.
Во периодот јануари – април 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 66.1%, и тоа: кај домашните туристи за 29.2%, а кај странските за 114%.
Во периодот јануари – април 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 59.5%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 30.2%, а кај странските зголемувањето е за 96.5%.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.