Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за лето 2022 година.
Притоа, го задолжи Министерството за труд и социјална политика да донесе Програма за седумдневен одмор на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за сезона лето 2022 година, за што ќе биде објавен повик на веб страната на Министерството за труд и социјална политика и во Центрите за социјална работа, по што ќе бидат преземени потребните активности за ефикасна реализација на овој проект, соопшти владината прес-служба.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.