еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Што пишува во предлог-решението на бугарскиот Парламент за кревање на ветото за Македонија

Бугарските медиуми го пренесуваат предлог-решението на Демократска Бугарија (ДБ), една од членките на владејачката коалиција во Бугарија, пренесува агенцијата Мета.

Предлог-решението треба да изнесе повеќе услови, и ако се усвои денеска може да доведе до кревање на ветото од Бугарија на состанокот на Европскиот Совет што почна вчера, а продолжува денеска во Брисел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Денешното усвојување на Резолуцијата на бугарскиот Парламент долгорочно ќе го блокира европскиот процес

Прво, според предлог-резолуцијата, за поддршка од Бугарија на кој и да било чекор во процесот на европска интеграција на Македонија, земјава мора да ги исполни овие услови:

Ефективно исполнување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и Протоколите (записниците) од седниците на Заедничката меѓувладина комисија, според член 12 од овој договор.

Гарантирање на правата на Бугарите во Македонија, вклучувајќи и низ нивно внесување, заедно со другите народи, во Уставот на Македонија.

Присуство на европски гаранции за исполнување на условите во точките 1 и 2.

За таа цел владата на Бугарија треба да ги одобри предложените од Претседателството на Советот на ЕУ нацрт за преговарачка рамка и заклучоци на Советот, при исполнување на следните услови:

Прецизирање на текстот на нацртот на Заклучоците на Советот, така кшто да се гарантира внесувањето на Бугарите во Уставот на Македонија во дефинициите во коишто се споменати други народи и на рамноправна основа со тие народи.

Подобрување на предложените нацрт-преговарачка рамка и нацрт-заклучоци на Советот со цел на појасно изразување на ситуацијата, дека ништо во процесот на приклучување на Македонија во ЕУ не може да биде толкувано како признание од Република Бугарија за постоење на „македонски јазик“.

Гаранции дека добрососедството останува хоризонтален критериум во рамките на целио процес на приклучвуање на Македонија кон ЕУ, за чиешто исполнување ЕК го информира Советот пред секоја Меѓувладина конференција.

Вклучување на референци на двостраните протоколи од чен 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во прегаварчката рамка“, се вели во предлог-резолуцијата со која што се повикува Владата да го одобри нацртот на преговарачката рамка, односно да го крене ветото.

Во Образложението за предлогот, поднесен од Христо Иванов од ДБ, која е една од членките на владејачката коалиција, се вели:

„Република Бугарија доследно ја поддржува политиката за проширување на ЕУ како најдобриот инструмент за поддршка на реформите и стабилноста во регионот на Западен Балкан, истовремено признавајќи ја тесната соработка во секторните поитики на билатерален план и работи за уште поширока соработка во трговијата, образованието, културата, инфраструктурата, енергетиката, животната средина, итн.

Во сегашната геополитичка ситуација и сложената ситуација на безбедносен план, Бугарија ги признава и сојузнички врски во НАТО.

Република Бугарија дава клучно значење на добрососедствите односи со Република Северна Македонија (РСМ). Како дополнение на Рамковната позиција во однос на раширувањето на ЕУ во Процесот за стабилизација и придружување: РСМ и Албанија од 9 октомври 2019 година, поддржана од Декларацијата на Народното собрание од 10 октомври 2019 година и од потврдената на седницата на Консултативниот совет за национална сигурност од 10 јануари 2022 година, сметаме дека темата за правата на македонските Бугарија се наметна како растечки приоритет во двостраниот дневен ред.

Софиската декларација од 2018 година е израз на европската поддршка на агажманот на партнерите од Западен Балкан да продолжат да ги поддржжуваат добрососедските односи, регионалната стабилност и заедничката соработка.

Во темелот на намерите на Бугарија за засилување на добрососедските односи во духот на европските вредности преку почитување на заедничките историски настани и личности е Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Неговото спроведување и европските гаранции за неговото исполнување треба да бидат основен приоритет на бугарската политика“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања, со „Северномакедонците“ ќе разговараме следните часови

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска, Ковид-19 решенијата за изолација во електронска форма преку Вакцинација.мк

Редакција

Штипското Инфективно одделение преполно со пациенти, стапува на сила планот Б

Редакција

Двајца пациенти од автобуската несреќа ќе бидат пуштени на домашно лекување, денеска пристигнуваат уште тројца

Редакција