еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Пејачот Ар Кели осуден на 30 години затвор за сексуална злоупотреба на жени и деца

Американскиот пејач Ар Кели (55) е осуден на 30 години затвор за сексуална злоупотреба на жени и деца.

Окружната судијка на САД, Ен Донели, како што пренесуваат американските медиуми, на изрекувањето на пресудата, рече дека пејачот користел секс како оружје, принудувајќи ги своите жртви да прават неискажливи работи, а некои заболеле од сексуално преносливи болести.

– Ги научивте дека љубовта е ропство и насилство, рече таа.

Неговите адвокати најавија жалба.

Кели е во притвор откако беше обвинет од федералните обвинители во Њујорк и Чикаго во јули 2019 година.

Неговите години поминати зад решетки беа исполнети со скандали, вклучително и тепање со затвореник во 2020 година.

На пејачот му се заканува понатамошна правна постапка во август, кога повторно ќе му се суди, овој пат во Чикаго поради сексуални слики со деца и обвиненија за опструкција. Тој, исто така, треба да се соочи со обвиненија за сексуална злоупотреба во судовите во Илиноис и во Минесота.

Фото: Фејсбук/Кели

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца загинати и еден повреден во сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип

Редакција

“Жално е колку распаднат образовниот систем, во секој поглед„: Твитер реакции за грешките и лошите преводи во учебникот по Историја и општество

Редакција

На Клиниката за онкологија е тешко и за пациентите и за кадарот, оцени Таравари

Редакција