Министерството за внатрешни работи (МВР) целосно ги демантира тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека полицијата не била присутна и не реагирала при инцидентот кај споменикот „Скендербег“.
Напротив, како што посочуваат од МВР, полицијата беше на лице место, во истиот момент реагираше и го спречи насилството, а едно лице веднаш беше приведено кое е осомничено за пукање од огнено оружје.
– За време на протестите полицијата е целосно на ниво на задачата и апелираме партиите да престанат да со дезинформации, наведуваат од МВР.
Во видеото, додаваат, точно се гледа колку брзо повеќе од десет припадници на полицијата реагираат и спречуваат поголем инцидент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Цела снимка од инцидентот кај Скендербег
(Видео) Мицкоски обвини дека синоќа имало класична полициска монтажа чија цел била убиство