еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Предлог преговарачката рамка, без Протоколот, стаса во Собранието, седница се уште не е закажана

До Собранието е доставена предлог преговарачката рамка, материјалот ќе биде доставен до пратениците, а седница за оваа точка не е закажана за вечерва, информираат од собраниската прес-служба.

-Ве информираме дека од Владата до Собранието е доставена „Информација за содржината на предлог-преговарачката рамка за пристапните прговори на РС Македонија со ЕУ, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година, стои во соопштението.

Согласно со процедурите, посочува собраниската прес-служба, материјалот ќе се достави до пратениците и за натамошно постапување соодветно и наврмено ќе биде објавена информација.

Имајќи ги предвид шпекулациите, потенцираат дека за вечерва не е планирана седница.

-Во моментот кога претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја свика седницата, навремено ќе бидете информиани, велат од собраниската прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ја достави предлог-преговарачката рамка до Собранието, Протоколот не го спомнува

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега 11.702 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19, од нив 19 починале

Редакција

Групата на социјалисти и демократи во ЕП бара Борисов да ја повлече срамната блокада за преговори со Македонија

Редакција

Косовските власти дозволија посета на српскиот патријарх Порфириј

Редакција