еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Илјадници демостранти во Шри Ланка упаднаа во резиденцијата на претседателот, тој избега

Илјадници демонстранти денеска упаднаа во резиденцијата на претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса.

Раџапакса ја напуштил резиденцијата неколку минути пред упадот на демонстрантите и армијата го одвела на непозната локација.

Демонстрантите кои со недели протестираат бараат оставка од Раџапакса поради економската криза.

Шри Ланка се наоѓа во најлошата економска криза уште од прогласувањето на независност во 1948 година. Земјата се соочува со основни потреби – храна, гориво, лекови, гас тоалетна хартија, кибрити и друго.

Претседателот Раџапакса не успеа да ја реши најлошата економска криза ни со обезбедување финансиска поддршка од Кина и од Индија. Тој изјави дека побарал помош и од Русија за надминување на економската криза.

Минатиот месец во Шри Ланка беше забранета продажба на гориво во период од две седмици. Од владината одлука исклучени беа службите за јавен превоз, возови, како и возила што се користат во итни служби и за достава на храна.

Паралелно, Владата донесе одлука во тој период да се затворат училиштата во урбаните подрачја, а граѓаните беа советувани да работат од дома.

МИА/видео/фото: BNO News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во пожарот кој траеше четири часа изгоре горниот дел од главната зграда на „Жито Битола„

Редакција

За брз кредит од 9.000 денари наплатени 75.752 денари: Бидете внимателни!

Редакција

Поранешната министерка Јанкулоска ќе оди во затвор за случајот „Тенк“, за набавката на „мерцедесот“

Редакција