еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов се годинешните добитници на Орден за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 23 јули на свеченост во Кабинетот на Претседателот ќе ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за заслуги за Република Северна Македонија.

Горан Стефановски постхумно се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во континуитетот и во осoвременувањето на книжевното културно наследство.

Зафир Хаџиманов постхумно се одликува за огромниот придонес во специфичниот полижанровски развој во сферата на уметничкото творештво.

Ремзи Несими постхумно се одликува за неговиот траен придонес во филолошките науки и албанологијата во Република Северна Македонија и во светот воопшто.

Живко Мукаетов се одликува за професионалните стандарди во фармацевтската индустрија и за неговата филантропска култура и општествена одговорност.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) “Леб и сол“ добија Орден за заслуги од Пендаровски

Редакција

Истрага за 11 лица за уништување културно наследство во Старата скопска чаршија

Редакција

Ова е тест за нов светски поредок, оцени ирачкиот премиер од мировниот Самит во Каиро

Редакција