Бугарското Министерството за надворешни работи вчера испратило покана до министерот за надворешни работи, Бујар Османи за одржување на годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија, според членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
Како што соопшти денеска бугарското МНР, состанокот би се одржал на 9, 10 или 11 јули во Банско.
На состанокот, според соопштението на бугарското МНР, треба да се разгледа исполнувањето на Договорот за добрососедство во изминатиов период, и да се превземат мерки за подобрување на двостраната соработка во сите сектори.
МНР: Османи нема да оди на состанок на Меѓувладината комисија во Банско, ќе се фокусира на процесот во Собранието
Османи нема да оди на Годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија во Банско.
Од македонското МНР велат дека ја известиле Софија оти министерот Османи како претставник на Владата во овој период ќе се фокусира на процесот во Собранието, каде треба да се расправа за францускиот предлог.
-Нотата е стигната во МНР, но Софија е известена дека во овој период Османи ќе се фокусира на процесот во Собранието, а експерите од двете министерства ќе продолжат со работа. Доколку се појави потреба, Османи и Генчовска повторно ќе одржат онлајн средба, велат од македонското МНР.
Фото: Влада