еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

САД и Германија задоволни од исходот во македонското Собрание

Соединетите Американски Држави ја поздравуваат одлуката на Собранието да ги преземе следните чекори за пристапниот пат кон ЕУ, пишува државниот секретар на САД, Ентони Блинкен во писмена изјава.

-Ги препознаваме тешките размени направени во овој компромис, што го признава и почитува културниот идентитет на С Македонија и македонскиот јазик, се вели во изјавата.

Блинкен додава дека оваа одлука доаѓа во критичен момент за Македонија, Западен Балкан и Европа.

-Европската Унија која го вклучува целиот Западен Балкан, вклучително и Албанија и С Македонија, ќе биде посилна и попросперитетна. Сега е време да се изгради моментум и да се работи на следните чекори, додава тој.

Германскиот канцелар Олаф Шолц попладнево на „Твитер“ исто така го поздрави гласањето на Собранието на С Македонија за заклучоците за францускиот предлог.

– Го поздравувам гласањето на македонскиот Парламент што го отвори патот за првите конференции за пристапување на Европската унија со С Македонија и Албанија. Ве сакаме како членки на Европската Унија и ќе бидеме покрај вас до крај, напиша Шолц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата го одобри „францускиот предлог“, во вторник прва меѓувладина конференција во Брисел

Брисел ја поздрави одлуката на Собранието за заклучоците за францускиот предлог

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предупредување од руската Амбасада во Скопје: Внимателно се евидентираат сите случаи на русофобија

Редакција

Скопје Север прекина да испорачува парно во Чаир и Бутел, одбива да потпише договор со ЕСМ

Редакција

Починаа двајца од Ковид-19, вкупно до сега 5.474

Редакција