еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Советот на Институтот за национална историја укажува на штетноста на билатералните протоколи со Бугарија

Советот на Институтот за национална историја – Скопје како орган на управување, на својата редовна седница, одржана на 25 јули одлучи да се произнесе во врска со Билатералите протоколи со Република Бугарија, соопштуваат од таму.

„Поаѓајќи од фактот што Институтот за национална историја е најстара научна установа во земјата, основана со уредба од 20 јули 1948 година, поради „големото значење на националната историја на македонскиот народ“, а повикувајќи се на актуелниот Закон за научно-истражувачка дејност, кој во член 3 ги дефинира начелата на „слобода и автономност на истражувањата и творештвото, – поврзаност со образовниот систем, – етичност, – неповредливост и заштита на личноста и достоинството на човекот, разновидност на мислења, методи, теории и доктрини“, како и утврдените цели во член 4, меѓу кои и „афирмацијата на националниот идентитет“, што го вклучува и членот 5 со кој како јавен интерес за државата, меѓу другото се дефинира истражувањето во „областана историскиот и културниот идентитет на македонскиот народ“, Советот е должен да укаже на штетноста на Билатералните протоколи со Бугарија, кои можат да доведат до ситуација во која општествените наративи ќе бидат во колизија со сознанијата на македонската и поголемиот дел од светската наука.

Советот на ИНИ – Скопје укажува на важноста на јазичните, културните и историските наративи, како за дефинирање на нацијата, така и за нејзиното препознавање како различна од „другите“,“ се вели во соопштението.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И гостите ќе носат маски, нема шведска маса: Што пишува во протоколот за хотелите

Редакција

(Видео) Хрватски фудбалски навивачи на Динамо во Атина убија 29-годишен навивач на АЕК

Редакција

Ќе се договорат ли СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за промена на изборниот модел, за да „ќар“ имаат и другите партии

Редакција